Линкови за пристапност

Со малите фарми против гладта


Со малите фарми против гладта
Со малите фарми против гладта

Светската банка бара државите да инвестираат повеќе во земјоделството.

Според најновите податоци на Светската банка, храната изминатата година поскапела за 36%. На редовната годишна средба во Вашингтон изминатиов викенд, Банката апелираше државите да се фокусираат на проблемот. Стручњаците велат дека за повеќето од земјите во развој, тоа значи поддршка на малите фарми.

Екран поставен пред Светската банка го следи бројот на гладни во светот, што се движи кон неверојатни една милијарда луѓе.

На тркалезна маса во Банката, стручњаците дискутираа за високите цени на прехранбените производи. Ингер Андерсон смета дека сопствениците на малите фарми се клучот за решавање на проблемот со гладта.

„Повеќето сиромашни земјоделци се сопштвеници на мали фарми. Занемарени се, а токму тие прехрануваат голем дел од сиромашните“, вели Андерсон, која за Банката го следи одржливиот развој во светот.

Линдвеј Маџеле Сибанда од организацијата „Фанерпан“ што ја анализира африканската политика, ги набројува предизвиците за малите фарми, особено во Африка: „Семето не се сади соодветно за да даде најдобри резултати; почвата не се третира најдобро, а при наводнувањето, 95% од посевите добиваат вода само од дождот“.

Руанда беше првата земја што се согласи на програмата на Африканската унија да издвои 10% од националниот буџет за земјоделството. Министерката за земјоделство Агнес Калибата коментира – неопходно е политичко лидерство.

„Најлошата злоупотреба на човештвото е преку гладта. Треба да посветиме внимание на малите фарми“, вели Калибата.

Стручњаците од Светската банка додаваат дека се потребни соодветни патишта за транспорт на продуктите и пласман на пазарот, како и заштита од препродавачи.

XS
SM
MD
LG