Претседателот на Светската банка, Џим Јонг Ким вели дека нови податоци и истражувања покажуваат дека инвестирањето во образованието игра поголема улога во развојот на економијата, отколку што претходно се мислеше.
Зборувајќи пред виши политички и економски претставници од повеќе држави членки на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон, Ким рече дека истражувањата се „фасцинантни.“
На состанокот се дискутираше за растот на глобалната економија, и неизвесноста кои ја носат конфликтите, недоразбирањата околу трговијата и другите проблеми кои му штетат на растот.
Ким кажа дека тој се надева дека ќе ги убеди лидерите на државите и министрите за финансии да инвестираат во развој на човечкиот капитал исто како што инвестираат во транспортот и енергетиката.
Тој на новинарите им кажа дека неуспехот да се подготват новите генерации за работните места на иднината носи ризик.
Facebook Forum