Во нов извештај на Светската банка, во кој се презентирани индикатори за праксата што се однесува на странски директни инвестиции, Македонија е меѓу земјите кои нудат најкуса процедура за регистрирање на странски бизнис.
Анализирани се 87 економии, а индикаторите се фокусирани на четири тематски области кои мерат како странски компании инвестираат во сектори, започнуваат локални бизниси, доаѓаат до индустриска земја и арбитрираат во комерцијални спорови.
За извештајот биле ангажирани повеќе од 2.350 стручњаци од 87 држави во период од април до декември 2009.
Во Источна Европа, Бугарија, Хрватска и Романија нудат онлајн бизнис регистрација. Половина од десетте држави во светот со најбрза постапка за започнување бизнис се од овој регион – Грузија (4 дена), Албанија (7 дена), Белорусија (7 дена), Македонија (8 дена), и Турција (8 дена).