Линкови за пристапност

300 деца дневно умираат од СИДА


Иако со рана дијагноза и третман ХИВ позитивните пациенти можат да имаат долг и здрав живот, смртноста на децата поради ХИВ е сè уште голема

Џејн Мабаса имала само девет години кога се соочила со она што за неа тогаш било смртна казна. Била болна, слаба и сама, откако се разделила од нејзината болна мајка и била хоспитализирана во болницата во Јоханесбург.

Тоа било во 2006 година. Во тоа време, здравствениот систем на Јужна Африка беше длабоко запоставен во однос на епидемијата, а глобално имаше три пати повеќе смртни случаи од СИДА отколку денес. Пред Џејн да биде хоспитализирана, повеќе од 7.000 деца умреле, со алармантна стапка од девет смртни случаи неделно.

Таа беше сигурна дека ќе ѝм се придружи. Всушност, толку ѝ било тешко што вели дека го посакувала тоа.

„Толку бев болна, што единствената работа која можеше да ми донесе мир беше да умрам“, вели Мабаса, која сега има 22 години, прима терапија и се чувствува добро. „Кога имав 14 години ми објаснија дека сум родена со оваа болест и дека треба да го прифатам и да живеам со тоа.“

Тоа и го направила.

Децата заостануваат во третманот на глобално ниво. Смртноста во оваа возрасна група е сè уште голема.
Д-р Чеве Луо, УНИЦЕФ


Мабаса и повеќе од 180 други инфицирани кои заедно примаат терапија се жив доказ дека Сидата повеќе не мора да биде фатална дијагноза. Третманот и пристапот до нега се подобрени во цел свет.

Но, оваа година, на светскиот ден за борба против Сидата, годишен настан кој 31 година со ред има за цел да го сврти вниманието на јавноста кон глобалната епидемија, од Фондот за помош на децата при Обединетите Нации предупредуваат дека сите деца немаат толку среќа.

Всушност, од организацијата велат дека поради СИДА дневно во светот умираат по 320 деца, при што половина од нив немаат пристап до медицински третман. Ова се алармантни стапки, бидејќи со рана дијагноа и третман ХИВ позитивните пациенти можат да имаат долг и здрав живот.

Д-р Чеве Луо, раководителка на одделот на УНИЦЕФ за ХИВ / СИДА, вели дека давателите на здравствени услуги треба да го третираат ХИВ-от како семејна работа.

„Децата заостануваат во третманот на глобално ниво“, изјави таа за Гласот на Америка. „Смртноста во оваа возрасна група е сè уште голема.“

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG