Во Македонија не постои регистар на лица со аутизам. Единствената бројка ја има во Министерството за труд - 97, но тоа се случаите што се приматели на посебен додаток. Но, професорот дефектолог Љупчо Ајдински, основач на Фондацијата што го носи неговото име, а е посветена на оваа проблематика, смета дека бројот на заболени е повеќе од 4.000 и дека расте.
„Голем е бројот и, за жал, постојано се зголемува. Сега се прави истражување зошто и како се зголемува“, вели Ајдински.
Во Македонија има 24 центри што се на располагање на децата. На 2-ри април во Скопје, на светскиот ден посветен на борбата потив аутизмот, за првпат беше отворен Дневен центар каде логопед, психолог, дефектолог и негувателка се грижат за 15-тина деца и тинејџери.
„Во моментов, Дневниот центар го посетуваат пет деца кои добиваат комплетен третман. Плус тие дечиња, имаме и други кои посетуваат индивидуални третмани. Центарот нуди стручно-консултативна помош за родителите, односно сите развојни потреби и однесувања на нивните деца“, изјави директорката на Центарот за социјална работа на Град Скопје, Билјана Јарчевска.
Проблемот со аутизмот е многу повеќе од здравствен. На децата со аутизам не им е потребна само дневна анимација и нега. Нивните родители го носат најголемиот товар за да им помогнаат да добијат рамноправен третман во општеството. Дел од родителите наведуваат дека истовремено се борат и со медицински, и со социјален проблем, добивајќи само мал паричен надоместок наспроти неколкукратно поголемите трошоци, а мали или речиси никакви се шансите нивните деца да се вработат и смаостојно да живеат.
„Барем тие суплементи и лековите што треба да ги примаат да бидат од државата. Овие работи чинат 20 илјади денари, а, за жал, ние земаме посебен додаток од 4.300 денари, не само ние, сите деца со аутизам“, вели Весна Андреева, мајка на 9- годишно дете со аутизам.
Аутизмот во земјава со децении се споменуваше само за светскиот ден за подигнување на свеста за болеста. Но, изминатите неколку години, аутизмот многу често почна да се споменува како болест што наводно е предизвикана од вакцината позната како МРП (против морбили, заушки и рубеола). Иако македонските здравствени власти и експерти го негираат тврдењето, истакнувајќи дека за ова не постои медицинска потврда, ова беше една од причините за покренување на иницијатива пред Уставниот суд за преиспитување на уставноста на задолжителната вакцинација, инаку услов детето да се запише во прво одделение, или пак за добивање финансиски надоместок од државата.