Линкови за пристапност

Нови врати отворени за жените во армијата


Американската армија вели дека во рок од три години жените ќе ги стави на клучни позиции од кои до сега беа исклучени.

Официјални лица од сите гранки на американската армија во вторникот се собраа во Пентагон да соопштат како ќе се одвиваат промените во регулативата што исклучуваше жени од повеќе од 200.000 работни места во армијата.

Висок претставник на Пентагон, Џулиет Бајлер, рече дека настанот е од големо значење и дека целта на Пентагон е да се обезбеди американската армиска мисија да биде носена од најспособните луѓе, без оглед на полот.

Висок американски генерал, Бенет Саколик, кажа дека културни, социјални и грижи за однесувањето може да бидат поголеми препреки отколку физичката кондиција за жените кои сакаат да се вклучат во единиците за специјални операции. Тој кажа дека клучната карактеристика на луѓето за денешните специјални операции е „интелектот“.

Генералот кажа дека деновите на „Рамбо“ се минато, што е референца на филмска серија со американски воен херој кој главно се потпира на груба сила.
XS
SM
MD
LG