Линкови за пристапност

Изборите донесоа рекорден број жени во Сенатот


Најмалку 18 жени сенаторки ќе ја претставуваат нивната држава на Капитол Хил

Најмалку 18 жени сенаторки ќе ја претставуваат нивната држава на Капитол Хил, по победата на демократката Елизабет Ворен во Масачусетц, демократката Тами Болдвин во Висконсин и републиканката Деб Фишер во Небраска. Доколку демократката Хајди Хеиткамп победи во Северна Дакота, новиот рекорден број жени-сенаторки ќе биде 19.

Во моментов има 17 жени во Сенатот, но две републикански жени, Олимпија Сноу од Мејн и Кеј Беили Хачинсон од Тексас не се кандидираа за реизбор.

Стручњаците велат дека двете големи политички партии имаат повеќе жени кандидати за Конгресот за време на овој изборен циклус отколку кога било порано.

Центарот за американски жени во политиката во Универзитетот Рутгерс кажа дека 184 републикански и демократски жени се кандидирале за Конгресот во овогодишните избори, што е повеќе од 152 во 2010. Дванаесет демократски жени и шест републикански жени се кандидирале за сенатски места, додека 166 жени ((118 демократки и 48 републиканки)) биле на гласачко ливче за Претставничкиот дом.
XS
SM
MD
LG