Линкови за пристапност

Зошто има помалку жени од мажи во политиката?


Истражувачкиот центар Пју открива различни резултати за оваа ситуација

Додека анкетите покажуваат дека Американците сакаат повеќе жени во политиката, најновото истражување на Истражувачкиот центар Пју открива различни видувања како да се постигне таа цел.

Според ова истражување, две третини од Американците мислат дека е полесно мажите да победат на избори, секој четврти смета дека мажите и жените се рамноправни во овој поглед, додека само пет проценти веруваат оти жените полесно успеваат во политиката.

Сепак, 69 проценти од испитаничките мислат дека има многу малку жени во политиката.

Една третина од републиканците веруваат дека има малку жени во оваа област, во споредба со 79 проценти од демократите, кои веруваат во истото.

Истражувањето покажува дека 61 отсто од Американците мислат оти жените кои се во трка за политичка функција мора да направат повеќе за да се докажат во споредба со мажите.

Во ова веруваат 72 проценти од жените и 48 проценти од мажите.

Според Центарот, втора најголема причина зошто има помалку жени од мажи во полтиката, е слабата поддршка што жените ја добиваат од нивните партиски лидери

Со ова се согласуваат 43 проценти од мажите и 61 отсто од жените.

Некои граѓани, исто така, веруваат дека САД не се подготвени да изберат жена на висока позиција - со ова се согласуваат 57 отсто од жените и 32 проценти од мажите.

Во однос стилот на лидерство, истражувањето забележува дека повеќе жени од мажи се изјасниле оти жените имаат различни лидерски вештини, додека 62 проценти веруваат дека ничиј стил не е подобар.

Повеќе од шест од десет Американци велат дека жените се почувствителни, додека 42 проценти веруваат оти жените се подобри во правење компромиси.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG