Линкови за пристапност

Kои се жените кои придонесоа Армстронг да стапне на месечината?


Kои се жените кои придонесоа Армстронг да стапне на месечината?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:44 0:00

За време на мисијата Аполо, жените сочинувале не повеќе од 5% од работната сила на НАСА. Тие учествувале во дизајнирањето на вселенското летало, ги пресметувале траекториите на летот, дизајнирале софтвер и работеле на обука на астронаути

Aстронаутите од Аполо 11, Нил Армстронг и Баз Олдрин, се првите мажи, кои пред 50 години стапнаа на Месечината.

„Мал чекор за човекот – голем скок за човештвото“, е легендарната реченица на Армстронг по која ќе остане запаметена вселенската програма која чинеше 25 милијарди долари и на која работеа 400.000 луѓе.

За време на мисијата Аполо, жените сочинувале не повеќе од 5% од работната сила на НАСА. Иако малкубројни, тие одиграле важни улоги во спуштањето на астронаутите на Месечината и нивното безбедно враќање на земјата.

Но, кои се жените кои пред 50 години дадоа придонес мисијата Аполо 11 да стане реалност?

Џоан Морган била единствена жена во контролниот центар за лансирање на Аполо 11 од вселенскиот центар Кенеди во Флорида на 16 јули 1969 година. Таа е и првиот женски инжинер на Американската вселенска агенција – НАСА во тоа време.

„За време на мисијата Аполо 11 работев на инструментална контрола. Вршев контрола на операциите и следев дали има проблеми за да бидеме сигурни дека системот работи правилно. Денес многу уреди се лоцирани во вселената, сателитите овозможуваат комуникација, навигација и набљудување. Но пред 50 години се беше на земјата... Сепак тоа беше одлично искуство и многу забавна работа“, изјави Морган во интервју за Гласот на Америка на македонски.

Жените учестувале во дизајнирањето на вселенското летало, ги пресметувале траектории на летот, дизајнирале софтвер, работеле на обуката на астронаути...

Др.Керолин Лич Хантун како медицински истражувач работела на набљудување на виталните функции на астронаутите за време на вселенскиот лет. Таа верува дека во идните мисии жените ќе имаат многу поголема улога.

„Имајте верба. Жените напредуваат во општеството, вклучувајќи ги и вселенските програми и другите области. Има уште многу возбудливи работи кои што треба да се направат во следните години“, вели др.Хантун.

Но, овие жени не се само историја. Туе се и инспирација за нови женски имиња во вселенските истражувања.

Френсис Попи Норткат, поранешен инженер на НАСА на Аполо, неодамна добила повик од Розалин Лопез од Бразил. Пред 50 години Розалин од медиумите дознала за Попи. Тоа било иницијална каписла животот да го посвети на вселенските истражувања.

„Уште како девојче видела напис во весниците со мојата фотографија. Тоа ја инспирирално да ги изучува планетарните науки. Таа сега е многу важен планетарен научник. Ги истражува активните вулкани на Јупитер“, раскажува Френсис Попи Норткат.

Се надевам дека некој ќе се врати на месечината. Можеби ние.
Но, возбудена сум и ако тоа го направи некоја друга држава - Индија, Кина, Израел. Месечината е таму за сите луѓе на планетата.
Џоен Морган, прв женски инжинер на НАСА


Како дел од одбележувањата на 50 годишнината од вселенската мисија, „Аполо 11“ во Вашингтон беше организирана и симулација со која повеќеилјадната публика можеше да види како функционирала ракетата со која човекот ги надмина сопствените граници.

Враќањето на месечината се уште е предизвик за човештвото.

„Се надевам дека некој ќе се врати на месечината. Тоа би можеле да бидеме ние, но возбудена сум и ако тоа го направи некоја друга држава која се обидува - Индија, Кина, Израел. Месечината е таму за сите луѓе на планетата и она што можеме да го научиме од тоа ќе биде корисно за сите нас“, вели Џоен Морган.

„Жените мора да го завршат својот дел од работата, да се стекнат со соодветно образование и искуство за да можат да дадат придонес“, препорачува Хантун.

САД планира да ги обнови мисиите на Месечината до 2024 година, за во следната деценија да се оди и на Марс. За ова стана збор и на приемот во Белата куќа кој американскиот претседател Доналд Трамп го организираше за астронаутите од Аполо 11, Баз Олдрин и Мајкл Колинс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG