Линкови за пристапност

Жените и натаму да се борат за нивните права


Жените и натаму да се борат за нивните права
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:38 0:00

Денес се одбележува Меѓународниот ден на жената 8-ми март, а анализи покажуваат дека Македонија бележи континуирано влошување на позицијата на жените

И покрај проблемите со кои се соочуваат македонските жени, особено во однос на родовата еднаквост со мажите, денес се` повеќе се присутни во многу сфери на општестветното живеење.

Анита Кипаризовска Крстеска, која два мандата беше пратеник во Парламентот, а која сега работи како нотарка, вели дека жените сами треба да се изборат за нивниот статус.

„Трендовите се менуваат, за разлика од некои минати времиња, кога беше многу тешко една жена да се соочи со секојдневните предизвици во животот и работата. Мислам дека во голема мера тоа сега го нема“, вели Крстеска.

Некои анализи, пак, укажуваат на фактот дека Македонија бележи континуирано влошување на позицијата на жените.

Според Индексот на глобалниот родов јаз на Светскиот економски форум, Македонија во 2006-та година била на 28 место, од вкупно 115 земји, додека во 2016-та била на 73 место од вкупно 144 земји.

Тоа значи дека во овој период, државата паднала за 45 места, што укажува на влошување на родовата еднаквост. Стапката на учество на жените на пазарот на трудот е 35,3 отсто, значително под просекот на Европската унија.

Невладиниот сектор со години предупреудва дека мобингот, пониските плати, дискриминацијата по основ на пол и бременост, се само некои од нарушувањата на правата на жените.

И натаму мал е бројот на жени во државата кои се наоѓаат на високи државни функции.

„Во Македонија нема жена претседател на државата, премиерка, а ретко има жени и на градоналничките функции. На овој план треба малку повеќе да се поработи со цел да се постигне рамноправна застапеност“, вели новинарката Александра Котушеска Ристоска.

Ристоска вели дека и` пречи тоа што на жените им се посветува внимание само еден ден во годината, на 8-ми март - Меѓународен ден на жените.

Но, за една туристка од Бугарија, овој празник ќе биде посебен, која при посетата на Заливот на коските покрај Охридското Езеро, доби охридски бисер.

„Пријатно сум изненадена, бидејќи не го очекував овој подарок. Ќе ми остане убав спомен од првата посета на Охрид“, рече таа.

XS
SM
MD
LG