Неколку жени од демократската партија меѓу кои сенаторките Камала Харис од Калифорнија, Елизабет Ворен од Масачусетс, Кирстен Гилибранд од Њујорк, па дури и Хилари Клинтон се потенцијални претседателски претенденти на изборите во 2020-та година. Сепак нивната битка би можела да биде потешка отколку онаа на нивните колеги, мажи.
Тоа е затоа што нешто повеќе од половина од Американците целосно ја прифаќаат идејата жена да биде претседател, се вели во новиот извештај на консултантската фирма Kantar Public
Во извештајот се наведува дека 63 проценти од Американците се согласуваат со идејата жена да раководи голема корпорација, додека само 52 проценти безрезервно прифаќаат сценарио жена да биде претседател.
Мажите се повеќе склони да ја ценат квалификуваноста на личноста врз основа на полот, додека жените се со поголема веројатност да размислат дека мажите и жените се подеднакво погодни за лидерство, се вели во извештајот.
За истражувањето биле анкетирани десет илјади лица од седум развиени земји, членки Г-7 (САД, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Велика Британија). Во моментов жени раководат со владите на Британија и Германија.
Facebook Forum