Линкови за пристапност

Марш за правата на жените во Скопје


Ден на жените - Скопје 2018
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:52 0:00

Жените во Македонија, денеска излегоа на вториот „Марш за правата на жените“ што се одржува токму на 8-март. Целта на собирот зад кој застана „Платформата за родова еднаквост“ беше да се подигне свеста кај јавноста, но и кај оние што ги носат одлуките, за како што рекоа организаторите, нееднаквата положба во која се наоѓаат жените во земјава.

„Во 2018 година во Република Македонија имаме највисока доенечка смртност во Европа. Причините за тоа не треба да се бараат кај жените, туку во системот за здравствена заштита и здравствените услуги кои им следуваат, а кои секоја година се повеќе и повеќе се скратуваат, во тоа што повеќе од 175.000 жени немаат гинеколог во својата општина“, вели Снешка Илиќ.

Беше прочитан проглас во кој се вели дека само 33,8% од работоспособните жени се вработени и тоа често на подредени позиции.

„Мнозинството жени во земјава се уште работат на најлошите работни места во земјата – кожарската, чевларската, текстилната индустрија, како касиерки, како чистачки без никакво осигурување и заштита на права“, велат активистките.

На маршот се приклучи и врвот на владата кој призна дека во некои од министерствата, на важните позиции, се уште нема доволно жени.

„Бројките во АРМ не се доволно добри, бројот на офицерки се зголемува, но не доволно брзо“, рече министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска.

На денешните настани по повод 8-март, дел од меѓународните претставници нотираа позитивни промени, но и забележаа дека има уште простор за подобрување.

„Честит меѓународен ден на жената, да го прославиме и да го спроведуваме секојдневно – 365 дена во годината, а не само еден ден со цвеќиња за дамите“, изјави координаторката на мисијата на ОН во Македонија, Луиза Винтон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG