Линкови за пристапност

По повод 8-ми март Клинтон покрена иницијатива „Сто жени“


По повод 8-ми март Клинтон покрена иницијатива „Сто жени“
По повод 8-ми март Клинтон покрена иницијатива „Сто жени“

Американската државна секретарка Хилари Клинтон ја лансираше иницијативата „Сто жени“ за инспирирање на жените за поголеми потфати преку меѓународна размена. Поводот е стогодишнината на Меѓународниот ден на жените, што одбележува економски, политички и социјални постигнувања на жените.

Сто жени од 92 држави се собраа во Стејт департментот на почетокот на тринеделна професионална разменска програма во САД.

Секретарката Клинтон им кажа дека инвестирањето во жени е вистинската работа и може да ги олесни проблемите како сиромаштија и глад.

„За мене инвестирањето во жени и девојчиња е умно. Се исплатува“, рече Клинтон пред групата жени што ги нарече „пионери“ во бизнис, академски науки, граѓанско општество и влада, и рече дека нивните акции ја инспирираат неа и другите.

Жените се учеснички во програма што донесува 5.200 сегашни и идни лидери во САД да се ангажираат со нивни американски колешки и да го искусат животот во САД.

Клинтон долго работеше да ги направи правата на жените клучно прашање во американската надворешна политика – како прва дама во 1990-те и сега како државна секретарка. Понеделничкиот беше прв од серијата настани што се планирани за оваа година со цел да се нагласат клучни прашања од надворешната политика што директно влијаат на животот на жените и девојчињата во светот.

Клинтон жените ги нарече „амбасадори“ на нивните држави. Таа рече дека односите меѓу владите не се единствен начин за справување со глобални предизвици.

„Мислам дека се работи за односот на човек со човек што прави разлика и тоа е она што дава сила да се мине низ тешки времиња“, рече таа.

Клинтон и првата дама Мишел Обама ќе го одбележат празникот почестувајќи десет жени од цел свет со награда за храброст на церемонија во Вашингтон.

XS
SM
MD
LG