Линкови за пристапност

60 отсто од жените во САД сексуално злоупотребувани


60 отсто од жените во САД сексуално злоупотребувани
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:57 0:00

Соговорнички за Гласот на Америка укажуваат на статистика на Американската комисија за рамноправна можност при вработување, по повод Меѓународниот ден на жената

Речиси 60 отсто од жените во САД биле сексуално малтретирани, алармира Џил Гајслер, професорка на Универзитетот Лојола во Чикаго, по повод Меѓународниот ден на жената, а повикувајќи се на статистиката на Американската комисија за рамноправна можност при вработување.

„Овој процент опфаќа широк опсег на дела - од зборови, допир, па се` до екстремни ситуации. Ова е серизно прашање“, вели Гајслер.

Таа смета дека овој ден треба да се искористи за да се истакне потребата од обука за соодветно однесување на работното место, не само на жените, туку и на мажите.

„Многу компании заземаат интимен пристап кон ова сериозно прашање, и разговаарат со помали групи, за да ги охрабрат жените да најдат безбеден начин да пријават злоупотреба“, објаснува Гајслер.

Темата за сексуална злоупотреба, и граѓанските движења за кревање на свеста, ги охрабрија жените да ги отворат прашањата за нивните права, како што се еднакви примања со мажите, и можност за лидерски позиции.

Еве што вели Кристалина Георгиева, извршен директор на Светска банка, и прва жена на оваа позиција.

„Верувајте во себе. Најтешкото нешто е жените да го развијат чувството дека можат да ги остварат целите. Порачувам да не дозволат моментите на слабост да траат повеќе од десет секунди, бидејќи ако тие не веруваат во себе, тоа нема да го направи никој друг“, изјави Георгиева, зборувајќи за нејзиниот живот и работа на дебата во Меѓународниот републикански институт (ИРИ) во Вашингтон.

Пола Добриански, поранешен заменик - државен секретар за демократија и надворешни работи на САД, додава дека жените денес се доволно гласни, но, оти најголем предизвик за нив е како да се посветат на професионалниот, и на приватниот живот подеднакво.

„Најважната порака е жените да не се откажуваат од исполнување на целите во кои веруваат, и да не бидат обесхрабрени од какви било бариери и предизвици“, рече Добриански, нагласувајќи дека борбата за правата на жените во САД е борба за правата на жените насекаде во светот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG