Линкови за пристапност

97 години - право на жените во САД да гласаат


97 години - право на жените во САД да гласаат
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:18 0:00

Многу жени денес се согласуваат дека уживаат многу права, но, оти има и такви кои се` уште им се загрозени

Борбата за правата на жените денес се` уште не е завршена, за што зборува и Амандманот за еднакви права на жените, кој Конгресот на САД не го гласа уште од 1923-та година, кога првпат бил предложен од Алис Пол, американска активистка за женските права.

Но, викендов навршија 97 години, откако жените во САД сепак успеаја да го добијат правото да гласаат.

И тоа, како резултат на борбата на Елизабет Стантон, една од првите феминистки и водечки фигури во првите движења за правата на жените, од 1840-та година.

Жените во Вашингтон денес се согласуваат дека уживаат многу права, но, оти има и такви кои се` уште им се загрозени.

„Мислам дека жените денес се почитувани и се рамноправни на мажите, но, има уште многу да се работи. И тоа во насока да заработуваат исто колку и мажите“, вели Ема Кели, жителка на Вашингтон.

Лорета Браун, пак вели дека правата на жените се зголемуваат, но се` уште постојат стереотипи и работи кои се очекуваат од жените, а кои биле својствени во минатото.

„Правата на жените се од суштинско значење. Но, жените се дискриминирани на различни начини – тргнувајќи од сексизам и од тоа што се платени помалку на работно место, до прашањата за породилно отуство и здравствена заштита. Мора да ја продолжиме борбата, да бидеме гласни за нашите права, со цел да станеме потполно рамноправни со мажите“, додава Лиса Хали од Вашингтон.

Мила Џордан смета дека правата на жените се дојдени до некое достојно ниво, но, оти останува уште долг пат.

„Во последните 50 години, многу малку направивме во нивно подобрување, за што зборува и фактот дека се` уште не заработуваме исто како мажите. Тоа еден од најголемите проблеми, а со молчење нема да постигнеме ништо“, вели Џордан.

И мажите сметаат дека правата на жените треба да се подобрат.

„Верувам дека треба да ги уживаат правата, но мислам дека тоа се` уште не се случува. Имам три сестри, и дефинитивно сум ги видел страдањата со кои се соочуваат“, вели минувач во Вашингтон.

Последниот најголем марш за правата на жените се случи на почетокот на годинава, кога речиси пет милиони жени од цел свет, од кои 500.000 во Вашингтон, протестираа за подобрување на женските права.

Текстот е направен во соработка со новинарот Јованчо Наумоски.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG