САД со 850 илјади долари ја помогна граничната полиција. Финансиските средства наменети за опрема и обука се обезбедени преку програмата на САД за гранична безбедност. Оваа програма во Македонија е активна во изминатите осум години. Со нејзина помош купена е опрема за граничната полиција, а реализирани се и 50 обуки на повеќе од 300 припадници на граничната полиција.
Донацијата на САД дава значително материјално-техничко зајакнување на капацитетите на граничната полиција. Напливот на имигранти, особено од земјите од Азија и Африка, е во нагорна линија и тоа го потврдуваат податоците од изминатите шест месеци, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска по денешната средба со амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс.
Програмата на САД според Јанкулоска е значаен придонес за едукација и мотивација за полицијаците кои со помош на вештините стекнати преку обуките и опремата добиена преку оваа програма на САД ја зголемуваат ефикасноста при нивната работа за заштита на границата.
Зборувајќи за илегалната емиграција која Македонија ја користи како транзит Јанкулоска објасни дека на територијата на земјава се откриени 316 илегални мигранти, што е за 50 проценти повеќе од истиот период лани. Притоа, речиси половина од нив се од Пакистан, Авганистан, Сомалија, Палестинската управа, Еритреја, Бангладеш и Алжир, изјави Јанкулоска.
Во рамки на полициските активности Јанкуловска кажа дека откриени се 21 случај.Таа напомен дека на удар на емигрантите е јужната граница на Македонија кон Грција. Ситуацијата, како што вели таа, дополнително се влошила поради економската криза во Грција што придонесе голем дел од емигратните да се обидат да одат кон побогатите земји членки на ЕУ.