Линкови за пристапност

2019 е една од трите најтопли години досега


Ако не се преземат мерки за климатските промени, до крајот на овој век ќе дојде до зголемување на темературата за повеќе од три Целзиусови степени, соопшти Светската метеоролошка организација

Светската метеоролошка организација на Обединетите нации објави изјавештај, во кој се забележува дека декадата по 2010-та година е најтопла досега, укажувајќи на влијанието на климатските промени.

Светската метеоролошка организација соопшти дека глобалната темература годинава била за 1.1 Целзиусов степен над просечната глобална темература во периодот од 1850 до 1900 година.

Тоа значи, се вели во извештајот, дека 2019 година е една од трите најтопли години кои некогаш биле забележани, а секоја од последните четири децении била потопла од претходната.

„Ако не преземеме итни мерки за климатските промени, тогаш ќе дозволиме зголемување на темературата за повеќе од три Целзиусови степени до крајот на овој век, со ушто поголемо влијание врз населението“, изјави Светската метеоролошка организација.

Извештајот нотира и дека темературата на океаните е највисока досега, и оти морињата сега се за една четвртина покисели за разлика од пред 150 години.

Во октомври, глобалното морско ниво било највисоко досега, за што придонело и топењето на 329 милијарди тони мраз на Гренланд изминативе 12 месеци.

Истражувачите очекуваат дека околу 22 милиони луѓе ќе бидат раселени до крајот на оваа година поради екстеремно тополото време.

Пресметките на ОН покажуваат дека досега се раселени 10 милиони лица.

САД во 2017 година најавија дека ќе се повлечат од Парискиот климатски договор, што се очекува негативно да се одрази врз спроведување на договорот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG