Линкови за пристапност

Минатата година една од најжешките досега


Светската метеоролошка организација соопшти дека 2018 година била четврта од пет најжешки години досега, што е знак дека се случуваат долгорочни климатски промени

Во 2016 година, според Светската метеоролошка организација, температурите достигнале глобален просек од 1,2 степени Целзиусови повисок од пред-индустриските нивоа. Зголеменото затоплување во атмосферата било под влијание на силен ел-нино настан, што предизвикал раст на температурите на морињата во тропскиот Пацифик.

Температурите во 2018-та година опаднале за еден степен целзиусов. Но, метеоролозите велат дека рангирањето на поединечните години е помалку важно од долгорочниот температурен тренд во мерењето на климатските промени.

Од Светската метеоролошка организација велат дека, покрај температурите, и други фактори влијаат на климатските промени. Портпаролката на Светската метеоролошка организација, Клер Нулис, вели дека екстремните временски услови исто така играат важна улога.

„Очигледно дека трендот продолжува и во 2019-та година. Во различни делови од светот се почесто има екстремни временски услови, вклучувајќи го и опасното и екстремно студено време во Северна Америка, рекордните горештини и пожари во Австралија, високите температури и врнежите во делови на Јужна Америка“, вели таа.

Нулис вели дека смрзнувачките температури не ги негираат климатските промени. Исто така, посочува дека секој топлински бран не може да се припише на климатските промени. Но, забележува дека екстремната топлина е еден од симптомите на климатските промени, односно таа е еден од очекуваните феномени на климатските промени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG