Линкови за пристапност

Средношколците дома кај Пол Рајан со порака за оружјето


Ќе маршираат 80 километри за да му кажат на спикерот на Претставничкиот дом дека треба да се направат реформи

Десетици американски средношколци во сојузната држава Висконсин ќе го посетат домот на спикерот на Претставничкиот дом Пол Рајан, за да му ја пренесат пораката за потребни реформи во поседување оружје.

Тинејџерите тргнаа на четиридневен марш од Медисон до Џејнсвил, долг 80 километри, за да му кажат на Рајан дека треба да се донесе закон за контрола на оружјето.

Организаторите велат дека маршот е наменет специјално за Рајан, поради неговото постојано блокирање на каква било реформа во поседување и користење на оружјето.

Рајан, кој заедно со другите членови на Конгресот е на двонеделен одмор, вчера беше надвор од држвата, во официјална посета на Чешка.

Минатиот месец тој изјави дека конгресните републиканци не се заинтересирани да ги спречат Американците да поседуваат одредени видови оружје.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG