Линкови за пристапност

Висконсин најмалку до понеделник ќе ги чека резултатите од примарното гласање


Изборите за претседателска номинација на Демократската Партија беа спроведени и покрај загриженоста за ширењето на коронавирусот

Сојузната држава Висконсин ќе почека најмалку до понеделник за да ги добие резултатите од примарното гласање за претседателска номинација на Демократската Партија. Изборите беа спроведени и покрај загриженоста за ширењето на коронавирусот.

Ќе мора да се чекаат гласачките ливчиња пратени по пошта, па поради тоа ќе доцнат и резултатите.

Дел од овие ливчиња ќе бидат поднесени дури во вторник. Бројот на гласачки места беше драстично намален низ целата држава. Стотици луѓе кои требаше да работат во избирачките одбори одбија да го направат тоа плашејќи се дека ќе се заразат од смртоносниот вирус додека ги проверуваат гласачите и избирачките списоци.


Во Милвоки, најголемиот град во државата, беа отворени само 5 од планираните 180 гласачки места.

Ќе мора да се чекаат гласачките ливчиња пратени по пошта, па поради тоа ќе доцнат и резултатите.


На отворените места се создадоа големи редици, гласачите додека чекаа одржуваа социјална дистанца а медицински работници делеа заштитни маски.

Во текот на денот на одредени места се чекаше и два и пол часа за да се гласа.

Висконсин има над 2.400 потврдени случаи и 84 починати.

Десетина сојузни држави ги одложија примарните гласања кои требаше да се одржат во април и мај надевајќи се дека во следните недели ќе биде побезбедно да се гласа лично.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG