Линкови за пристапност

Снежни бури го блокираа патувањето за Денот на благодарноста


Вчера попладне беа откажани повеќе од 500 летови, додека повеќе од 9.000 беа одложени

Снежни бури ги зафатија САД, отежнувајќи го патувањето за денешната прослава на Денот на благодарноста.

Вчера попладне беа откажани повеќе од 500 летови, додека повеќе од 9.000 беа одложени, соопшти „ФлајтАвеар“, компанија која ги следи летовите во реално време.

Повеќе од 50 милиони Американци се очекува да патуваат најмалку 50 милји подалеку од дома, што го прави овој празник втор најголем во однос на патување од 2000 година наваму.

Најпогодени од бурите се Јужна Дакота, Ајова, Мичиген, Минесота и Висконсин, а метеоролозите предвидуваат дека тие ќе донесат голем снег и ветрови од 120 километри на час.

Надлежните предупредуваат граѓаните да одбегнат патување за празничната вечера.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG