Линкови за пристапност

Американските хокеарки сe закитија со злато


Според досегашниот број на освоени медали на 23-тите Зимски олимписки игри, води Норвешка, со вкупно 35, Германија со 25, трета е Канада, со 24 медали, а САД се четврти, со 21 медал, од кои 8 се златни

Дваесет години по освојувањето на првиот олимписки златен медал во женски хокеј во Нагано, Јапонија, САД го поразија главниот ривал Канада, и го освоија златото во Пјонгчанг на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја.

Финска го освои бронзениот медал со победа од 3-2 над Русија во средата.

Овој успех на САД дојде 38 години откако машкиот тим на САД го победи тогашниот Советски Сојуз во Лејк Пласид, Њујорк, во, се чини, неповторливиот меч познат како „Чудо на мраз“.

Во алпско скијање, Швеѓанецот Андре Мурер, изненади со златото во машки слалом, завршувајќи 0,34 секунди пред второпласираниот Рамон Зенхаусерн од Швајцарија. 35-годишниот Мирер стана најстариот човек кој освои олимписко злато, откако фаворитите, Хенрик Кристоферсен и Австриецот Марсел Хиршер не успеаја да ги завршат своите први трки. Мајкл Мет од Австрија годинава го освои бронзениот медал.

Во меѓувреме, заради позитивен резултат за допинг, на рускиот натпреварувач во дисциплината карлинг Александар Крушелницки, му беше одземен бронзениот медал.

Според досегашниот број на освоени медали на 23-тите Зимски олимписки игри, води Норвешка, со вкупно 35, Германија со 25, трета е Канада, со 24 медали, а САД се четврти, со 21 медал, од кои 8 се златни.

Церемонијата на затворањето на ЗОИ ќе биде в недела.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG