Линкови за пристапност

Започнаа Зимските олимписки игри


Спортистите од Северна и Јужна Кореја маршираа заеднички под сино-белото знаме за обединување на Кореја

Официјално започнаа Зимските олимписки игри 2018 во Пјонгчанг, Јужна Кореја.

И покрај ниските температури, илјадници лица присуствуваа на церемонијата на отворањето за да го проследат огнометот, спектакуларното светлосно шоу и парадата на спортистите кои влегоа на олимпискиот стадион.

Игрите со сигурност ќе бидат проследени со своевидна драма, но соработката меѓу Северна и Јужна Кореја, можеби ќе биде најголемата драма од сите останати.

Двете држави се согласија да се натпреваруваат со заеднички тим во женски хокеј на мраз, иако само пред неколку недели, беа на работ на нуклеарна војна. Спортистите од Северна и Јужна Кореја маршираа заеднички под сино-белото знаме за обединување на Кореја.

Американскиот тим веќе имаше контроверзен почеток со изборот на носител на знамето. Ерин Хамлин, која настапува во дисциплината санкање и лизгачот на мраз Шани Дејвис, беа изедначени во гласањето кој да ја има честа.

Потоа беше избрана Хамлин, која победи со фрлање на паричка.

Таа на Твитер напиша дека е „неверојатно горда што има привилегија да ги предводи сите исклучителни американски спортисти на стадионот“.

Дејвис рече дека процесот не бил фер и не треба да се очекува дека ќе биде дел од церемонијата на отворање.

Олимпијадата ќе трае до 25-ти февруари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG