Американскиот сноубордер Шон Вајт, освои златен медал на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Ова е негово трето олимписко злато.
Триесет и едногодишниот Вајт успеа да ги надигра сноубордерите од Јапонија и од Австралија, кои освоија сребрен и бронзен медал.
Златниот медал на Вајт е стотиот медал генерално за САД на Зимска олимпијада.
Силниот ветар во Пјонгчанг денес ги принуди надлежните да ја одложат дисциплината слалом во женска конкуренција - трет настан во програмата за овој спорт, кој е погоден од неповолни временски услови во Јужна Кореја.
Facebook Forum