Линкови за пристапност

Невремето го промени распоредот на Олимпијадата


Силниот ветер и температурите под нула, ја одложоија дисциплината слалом, во женска конкуренција

Студеното време на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, го промени распоредот на игрите.

Денес, силниот ветер и температурите под нулата, доведоа до одложување на дисциплината слалом, во женска конкуренција, три часа пред да почне. Вчера, пак, беше одложена истата дисциплина во машката конкуренција.

Двете трки ќе се одржат в четврток, но, на други патеки.

И покрај силните ветрови, Американката Џејми Андерсон ја бранеше титулата во „сноуборд“. Таа е првата жена која освои олимписко злато во овој спорт. Беше една од ретките која успеа да се движи и покрај невремето.

Лори Блуин од Канада го освои второто место, додека Ени Рукајарви од Финска беше трета.

Канада го освои златниот медал во уметничко лизгање на екипи, предводени од ѕвездите Теса Ворју и Скот Моар. Русите дома ќе го однесат среброто, додека САД го освоија бронзениот медал.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG