Линкови за пристапност

Големо снежно невреме во САД


Големо снежно невреме во САД
Големо снежно невреме во САД

Снежна покривка и вонредна состојба во сојузни држави ненавикнати на зимски услови

Големо зимско невреме што ги замрзна патиштата и принуди откажување на летови во југоисточниот дел на САД оди кон Њујорк и други делови на североисток, носејќи до 36 сантиметри снежна покривка.

Масивното невреме го затрупа југот на САД, каде луѓето не се навикнати да се справуваат со зима. Од недела и понеделник таму снежната покривка е до 15 сантиметри. Гувернерите на државите од Луизијана до Северна Каролина објавија вонредна состојба, затворајќи ги училиштата и јавните служби да ги задржат луѓето подалеку од опасните патишта.

Лизгавите услови на патот заглавија редици камиони на автопат во Атланта, Џорџија. Со температурите што се очекува да останат по точката на мрзнење, може да бидат потребни неколку дена пред да почне топењето.

Стотици летови беа откажани во вторник во Атланта, на аеродромот со најголема фрекфенција на летови во светот.

Во Њујорк невремето уште еднаш ќе ги тестира градските власти, кои минатиот месец потфрлија во слична ситуација. Најголем дел од снегот се очекува да падне во текот на ноќта меѓу вторник и среда и среда наутро.

Летови се откажани за среда веќе денес, во Њујорк, Бостон (Масачусетс), и Филаделфија (Пенсилванија).

XS
SM
MD
LG