Линкови за пристапност

Приватен погреб за Вајнхаус


Приватен погреб за Вајнхаус
Приватен погреб за Вајнхаус

Семејството на Еми Вајнхаус за британската пеачка која почина во саботата планира погреб без јавноста.

Семејниот портпарол кажа дека Вајнхаус ќе биде погребана на приватна церемонија само за семејството и блиските пријатели.

Лондонската полиција во понеделник кажа дека аутопсијата не покажала како 27-годишната пеачка умрела. Нејзината смрт се нарекува необјаснета, но исто така „несомнителна“.

Експертите за судска медицина сега ќе изведат токсиколошки тестови, чии резултати ќе бидат познати за неколку недели.

Родителите на Вајнхаус во понеделник излегоа пред куќата да им се заблагодарат на ужалените и љубителите на нејзината музика за поддршката.

Пеачката стана позната во светот особено со вториот албум за кој доби Греми, Back to Black.

XS
SM
MD
LG