Линкови за пристапност

Одобрена првата електрана на ветер на водна површина во САД


Со само два мали вакви објекти на ветер, САД заостануваат зад Европа во развојот на технологијата

Администрацијата на Бајден соопшти дека ја одобрила првата електрана на ветер поставена во океан, наведувајќи ја како лансирање на нова домашна енергетска индустрија што ќе помогне да се елиминираат штетните емисии од електроенергетскиот сектор.

Објавувањето се совпаѓа со пошироката агенда на американскиот претседател Џо Бајден за борба против глобалните климатски промени со декарбонизирање на домашната економија. Овој потег, сепак, беше брзо осуден од рибарската индустрија, која рече дека се загрижени како сето тоа ќе влијае врз рибниот фонд и бродскиот сообраќај.

Одобрувањето на проектот за ветерници во вода, кој ќе се наоѓа на 23 километри од брегот на Масачусетс, е значајна пресвртница во повеќе од деценискиот обид да се дозволи проект за ветерници во комерцијални размери во водите на САД.

Со само два мали вакви објекти за ветер, САД заостануваат зад Европа во развојот на технологијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG