Линкови за пристапност

Федерер го освои рекордниот 8-ми Вимблдон


Со вчерашната победа тој ги надмина Пит Сампрас и Вилијам Реншоу, кои имаат освоени по седум титули

Роџер Федерер ја освои осмата рекордна титула на Вимблдон, поразувајќи го хрватскиот противник Марин Чилиќ, со 6-3, 6-1, 6-4.

Со вчерашната победа тој ги надмина Пит Сампрас и Вилијам Реншоу, кои имаат освоени по седум титули.

„Не можам да поверувам дека го постигнав ова. Не бев сигурен ниту дека ќе бидам тука, по минатата година“, рече Федерер, кој изгуби во полуфиналињата минатата година, а остатокот од сезоната одмараше поради повреда на коленото.

35-годишниот Федерер има осовено рекордни 19 грем слем титули, и стана најстар тенисер со ваков импресивен рекорд.

Во женското финале на годинешниов Вимблдом, шпанската тенисерка Габрина Могоруза ја победи Американката Венус Вилијамс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG