Линкови за пристапност

Австралија и Нов Зеланд ќе помогнат во гасење на пожарите во САД


188 пожарникари од двете земји ќе се вклучат во справување со шумските пожари во Калифорнија, Орегон и Вашингтон

САД ќе добијат меѓународна помош во борбата против шумските пожари, кои ги зафатија американските сојузни држави Калифорнија, Орегон и Вашингтон.

Десетици пожарникари од Австралија и Нов Зеланд денес тргнаа од аеродромот во Сиднеј кон САД.

Владата на Нов Јужен Велс вели дека 188 пожарникари од двете земји ќе се приклучат во гасење на шумските пожари кои го зафатија западниот дел на САД.

Во последниот пожар, кој преставува еден од најголемите во досегашната историја на Калифорнија, изгорени се повеќе од 1.000 куќи, а уште 200 други се оштетени.

Временските услови, високите температури и сувото време, го отежнуваат гасењето на пожарот. Досега пожарникарите успеале да изгасат 35 отсто од смртоносниот пожар, при кој загинаа шест лица.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG