Линкови за пристапност

Можни нови пожари во Орегон, предупредуваат метеоролозите


Официјалните лица во Орегон ги повикаа пожарникарите да се подготват за дополнителни пожари поради заканата од громотевици, објави Асошиетед прес.

Огромни ресурси веќе се посветени за гасењето на пожарот кој гори југоисточно од Портланд, во национална шума со растенија, езера и животни.

Евакуациите и уништениот имот се минимални во споредба со многу помалите пожари во густо населените области во Калифорнија.

Најмалку 2.000 домови досега се евакуирани, додека други 5.000 се под закана од пожарите. Најмалку 70 куќи и над 100 згради се целосно уништени. Нема жртви.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG