Силните ветрови и сувата шума во Орегон ја зголемуваат опасноста за пожарникарите кои ги гасат шумските пожари што зафатија неколку западни сојузни држави на САД, објави Асошиетед прес.
Еден од најголемите пожари во современата историја на Орегон изгоре над илјада квадратни киломтери шума, површина што е речиси колку Лос Анџелес.
Метеоролозите предвидуваат поопасни услови во Калифорнија и јужниот дел на Орегон денес.
Илјадници луѓе се соочуваат со наредби за евакуација, меѓу кои и 2.000 лица што живеат во руралните делови во близина на пожарите, кои уништија најмалку 67 домови и изгореа 100 згради.
Екстремно сувото време и топлотниот бран го отежнуваат справувањето со пожарите. Како последица на климатските промени, Западот стана потопол и посув изминативе 30 години, а се очекува климатските промени да продолжат да го прават времето поекстремно, како и да предизвикуваат почести и подеструктивни шумски пожари.
Пожарникарите велат дека се соочуваат со услови кои се покарактеристични за крај на лето и почеток на есен.
Facebook Forum