Линкови за пристапност

Обама прогласи вонредна состојба во Колорадо поради шумскиот пожар


Тоа ги отвори вратите за федерална помош; најмалку еден загинат, уништени стотици домови.

Американскиот претседател Барак Обама прогласи вонредна ситуација во Колорадо поради шумскиот пожар во оваа сојузна држава. Тој денес ќе ја посети областа на Кањонот Валдо каде, според проценките, загина најмалку едно лице, а уништени се стотици домови.

Властите проценуваат дека од избивањето на пожарот во саботата, биле уништени 346 куќи. Околу 36.000 жители на Колорадо спрингс, вториот по големина град во сојузната држава, мораа да напуштат своите домови.

Прогласувањето на вонредна состојба овозможи федерална помош за погодените во колорадо. Покрај оној во Валдо, порано месецов изби пожар во северниот дел на Колорадо. Во него едно лице го загуби животот а беа уништени 257 домови.

Пожарот во Валдо опустоши над 6.000 хектари. Неколкудневните високи температури од преку 37 степени Целзиусови и силните ветришта само ја влошија ситуацијата. Во моментов се изгаснати само 15%.

Причината за избивањето и натаму е непозната. Федералното истражно биро врши истрага.
XS
SM
MD
LG