Линкови за пристапност

Стотици изгорени домови и илјадници евакуирани во шумските пожари во Колорадо


Надлежните пријавија најмалку една жртва и шест повредени, со можност оваа бројка да расте

Шумски пожари зафатија околу 580 домови, трговски центар и хотел надвор од Денвер, Колорадо, додека пожарите продолжија да горат вчера ноќта.

Властите издадоа наредби за евакуација на градот Луисвил со околу 21.000 жители, по евакуацијата на Супириор со население од 13.000 жители. Овие градови се на околу 32 километри северозападно од Денвер.

Надлежните пријавија најмалку една жртва и шест повредени. Тие најавија дека се можни повеќе повредени и мртви поради интензитетот на пожарите и силните ветрови до 170 километри на час.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG