Официјални лица во Калифорнија предупредуваат дека пожарите во оваа сојузна држава, кои инаку се сметаат за досега најголемите пожари во нејзината историја, може да бидат ставени под контрола дури во септември.
Пожарот во комплексот Мендоцино, е составен од два одделни пожара во северните окрузи, а гори површина од околу 1.217 километри квадратни, што е поголема од територијата на Лос Анџелес.
Екипите, вклучувајќи затвореници и пожарникари од странство, успеаја да локализираат околу половина од пожарот.
Министерството за шумарство и противпожарна заштита на Калифорнија се надеваше дека пожарот може целосно да биде ставен под контрола до 15-ти август, но сега очекуваат тоа да се случи на 1-ви септември.
Пожарот во комлексот Мендоцино е еден од 18-те кои горат во целата држава.
Властите уапсија 51-годишно лице под сомневање за подметнување пожар во Националната шума на Кливленд, јужно од Лос Анџелес.
Министерството за шумарство се надеваше дека пожарот ќе биде ставен под контрола до 15-ти август, но, сега велат дека тоа нема да биде пред 1-ви септември
Facebook Forum