Линкови за пристапност

Опожарен и познатиот Национален парк Јосемити во Калифорнија


Шумските пожари имаат големо „економско влијание“ во областа за време на најпрометната туристичка сезона

Една од главните туристички дестинации во Калифорнија останува затворена, додека илјадници пожарникари се борат со огнената стихија околу националниот парк Јосемити, како и во јужна Калифорнија.

Официјалните лица на службата од Националниот парк, велат дека не знаат кога повторно ќе се отвори паркот.

Портпаролот на Јосемити Скот Гедиман, изјави дека пожарите имале огромно „економско влијание“ во областа за време на најпрометната туристичка сезона.

Во меѓувреме, пожарникари низ целата држава се обидуваат да локализираат уште неколку други пожари, вклучително и оној познат како пожарот на Мендочино, кој стана најголем во историјата на Калифорнија, зафаќајќи површина речиси колку големината на градот Лос Анџелес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG