Војници на Американската национална гарда се распоредени да им помогнат на пожарникарите во гасење на шумските пожари, кои уништија куќи и бизниси во Гатлинберг и околината на Националниот парк Смоки Маунтинс, соопшти Агенцијата за итни случаи на Тенеси.
Војниците ќе направат безбедносни проверки и ќе го исчистат остатоците од пожарите, поради кои беа евакуирани делови во Гатлинберг, Пиџин Форџ и во округот Севир.
Жртви нема, а уништени се триесет градби, меѓу кои 16 хотели во Гатлинберг.