Линкови за пристапност

Шумски пожари во Калифорнија


Огнот почна да се шири од неделата

Пожарникарите во западната американска сојузна држава Калифорнија се борат со десетици шумски пожари кои убија најмалку 10 лица и принудија илјадници на евакуација.

Властите проценуваат дека во пожарите изгореле околу 1.500 домови и бизниси, додека повеќе од 100 лица биле хоспитализирани, главно поради вдишување на чад. Се очекува бројот на жртви да се зголеми.

Причините за пожарите сè уште не се јасни, иако тие во Калифорнија во ова време од годината се вообичаени, а пламенот со помош на силните ветрови може брзо да се прошири низ сувите предели.

Гувернерот на Калифорнија, Џери Браун, прогласи вонредна состојба во општините Напа, Сонома и Јуба, кои се дом на многу популарни винарски визби.

„Навистина е сериозно, се движи многу брзо“, изјави Браун за време на прес-конференција.

Дваесет илјади луѓе се евакуирани, вклучувајќи стотици од локалните болници.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG