Линкови за пристапност

Викиликс: ЦИА може да „инфицира“ тукушто произведени Ајфони


Централната агенција за разузнавање, ЦИА има технологија способна за инфицирање на тукушто произведени „фабрички“ „Ајфони“, и ги прислушуваат овие уреди барем од 2008-та година наваму, тврди Викиликс.

Во соопштението објавено на нивната веб страница, организацијата вели дека технологијата развиена од страна на оддел на ЦИА е дизајнирана да биде физички инсталирана на новите „Ајфони.“

Друга наводна алатка на ЦИА, изложена во протекувањето на Викиликс има способност да внесе код од USB (Универзална сериска магистрала) до Епл компјутер кога тој се` уште се вклучува, овозможувајќи му на корисникот да ги заобиколи безбедносните лозинки и да изврши напад на софтверот.

Ова се наведува во најновата серија на документи објавени од Викиликс за наводните програми за шпионажа кои се користат од страна на ЦИА.

Претходното протекување на Викиликс наводно имаше за цел да изложи масовната програма за хакирање користена од страна на ЦИА.

Портпаролот на агенцијата тогаш кажа дека нема коментар „за автентичноста на наводни разузнавачки документи.“

XS
SM
MD
LG