Линкови за пристапност

Асанж доби еквадорско државјанство


Основачот на Викиликс Џулијан Асанж, кој пет години живее во азил во амбасадата на Еквадор во Лондон добил еквадорско државјанство, објави министерот за надворешни работи на оваа држава.

Овој потег се смета за неуспешен обид да му се дозволи на Асанж да ја напушти амбасадата, без да се соочи со апсење од британската полиција.

Асанж живее во Амбасадата на Еквадор од 2012-та година, под виртуелен домашен притвор, за да избегне притвор во врска со шведската истрага за наводно силување кое беше покренато пред седум години.

Иако Шведска го прекина случајот против него, тој остана во амбасадата.

Британската полиција соопшти дека ќе го уапси под обвинение за непочитување на кауцијата ако се обиде да замине.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG