Линкови за пристапност

Британија реши да го екстрадира Асанџ


Британскиот Врховен суд пресуди Австралијанецот Џулијан Асанџ, основачот на контроверзната веб-страница Викиликс да биде екстрадиран од Британија за Шведска за да се соочи со обвиненија за сексуална злоупотреба.

За 40-годишниот Асанџ има издадено европски налог за апсење за наводно силување на една и сексуална злупотреба на друга жена во 2010-та година. Врховниот суд на Британија ги отфрли аргументите на адвокатите на Асанџ дека налогот за апсење не е валиден бидејќи обвинителот немал легални овластувања да го издаде.

Сепак, судот на адвокатите на Асанџ им даде две недели да ја анализираат пресудата и евентуално да поднесат барање за повторно отворање на случајот.

Основачот на Викиликс, кој ги порекна обвиненијата може да поднесе уште една и последна жалба до Европскиот суд за човекови права.

XS
SM
MD
LG