Линкови за пристапност

Пентагон се подготвува за нов бран документи од ВикиЛикс


Пентагон се подготвува за нов бран документи од ВикиЛикс
Пентагон се подготвува за нов бран документи од ВикиЛикс

Објавувањето се очекува да биде далеку поголемо од публикуваното во јули

Американскиот Оддел за одбрана се подготвува за масивно објавување на повеќе од 400 илјади тајни армиски документи на веб-страницата ВикиЛикс.

Портпаролот на Пентагон вели дека тие се подготвуваат за очекуваниот протек на чувствителни разузнавачки документи за ирачката војна.

Објавувањето се очекува да биде далеку поголемо од публикуваното во јули кога 77 илјади класифицирани воени документи за војната во Авганистан, вклучувајќи и имиња од авганистански информанти и други детали од сирови разузнавачки извештаи, беа ставени на веб-страницата.

Во време на јулското објавување на документи претставници на Пентагон кажаа дека ВикиЛикс може да го става во ризик животот на американски војници и на авганистански цивили.

Неодамнешни новински извештаи цитираа приватно писмо од Секретарот за одбрана Роберт Гејтс каде вели дека иако протекот на документите ги довело во опасност животите на Авганистанци што им помагаат на силите на НАТО, американски разузнавачки извори и пракса не биле компромитирани.

XS
SM
MD
LG