Во соопштението на претседавачот со Комисијата за безбедност и соработка во Европа (Хелсиншка комисија) , сенаторот Роџер Викер стои дека тој ја поздравува одлуката на Меѓународниот трибунал за воени злосторства.
„Ратко Младиќ конечно е изнесен пред лицето на правдата за злосторствата што ги сторија босанските Срби под негова команда за време на конфликтот во поранешна Југославија во 1990-те години. По две децении, ова е потсетник за нас, колку ужасни беа овие злосторства - вклучувајќи го геноцидот во Сребреница, во Босна и Херцеговина и чија е одговорноста“ вели во соопштението сенаторот Викер, додавајќи дека „Хелсиншката комисија и нејзиното лидерство охрабруваат американската поддршка за Меѓународниот трибунал за воени злосторства и соработката со државите од Западниот Балкан со трибуналот.
Сенаторот Бен Кардин, член на Комисијата за безбедност и соработка во Европа и член на сенатската комисија за надворешна политика преку соопштение ја поздрави одлуката за Младиќ, велејќи дека „постои сатисфакција да се види како напорите на меѓународната заедница успеваат во спроведувањето на правдата, иако многумина го поставувале под знак прашалник или се спротивставувале на напорите за водење на истрага за одговорните, или беа против тоа да се изврши притисок врз Србија и други држави во регионот да соработуваат со меѓународниот трибунал.“
Facebook Forum