Линкови за пристапност

Кој беше Мартин Лутер Кинг Јуниор?


Американците денес го одбележаа раѓањето на Мартин Лутер Кинг Јуниор лидерот на каузата за граѓански права во САД

Мартин Лутер Кинг Јуниор кој го симболизира движењето за граѓански права на САД беше убиен на 4-ти април 1968-та година. Еве неколку клучни факти од неговиот живот:

Детство

Мартин Лутер Кинг Јуниор е роден на 15-ти јануари 1929-та година во Атланта, Џорџија. Неговиот татко, Мартин Лутер Кинг бил истакнат локален проповедник и лидер за граѓански права. Неговата мајка Алберта Кинг била учителка. Кинг вели дека за прв пат станал свесен за расизмот на 6 годишна возраст, кога родител на негов пријател не дозволил неговиот син да си игра со него.

Организирање на протести

Кинг стана познат во 1950-тите години кога како млад проповедник раководеше со обидите да биде прекината практика на сегрегацијата на црните патници во јавните автобуси во Монтгомери, Алабама. Тој организираше и протести од 1950-тите и 1960-тите години против сегрегацијата и борбата за еднаквост и гласачки права на Афро-американците.

Ненасилно движење

Кинг заклучил дека за успех на движењето за граѓански права потребно е да се примени стратегија на ненасилни протести, наместо вооружена борба. Кинг бил инспириран од учењата на индискиот лидер Махатма Ганди. Стратегијата беше тестирана на протестите во Бирмингем, Алабама каде полицијата употреби сила и во Селма, Алабама, каде маршот во 1965 година се памети како „Крвава недела“, бидејќи полицијата ги нападна демонстрантите.


Марш во Вашингтон

Со познатиот говор „Имам сон“ на Кинг започна национална кампања за граѓански права. До август 1963-та година, притисокот за еднаквост се зголеми низ целата земја, а 250.000 лица допатуваа во главниот град на државата за да учествуваат во маршот. Протестите беа мирни и без апсења.

Политички победи

Движењето за граѓанско право во 1964-та година постигна успех кога претседателот Линдон Џонсон го потпиша Законот за граѓански права со кој се забранува расната сегрегација на јавни места, а Кинг ја доби Нобеловата награда за мир. Следната година, Законот за гласачки права им дозволи на Афро-американците да учествуваат на изборите.

Атентат

На 4-ти април 1968-та година во Мемфис со истрел на огнено оружје беше убиен Кинг. Џејмс Ерл Реј кој се залагал за сегрегацијата се изјасни за виновен за убиството на Кинг. Тој беше осуден на доживотен затвор каде и што почина. Кинг беше смртно застрелан на 39 годишна возраст. Тој ноќта пред неговата смрт одржал говор навестувајќи го неговиот атентат. „Ја видов Ветената земја. Јас не би можел да одам таму заедно со вас, но сакам да знаете дека ние како народ ќе стигнеме таму.“

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG