Линкови за пристапност

САД да ја преиспитаат одлуката да го стопираат финасирањето на СЗО, бара здравствен експерт од Организацијата


Суспензијата ќе има огромно влијание врз способноста на Светската здравствена организација да се бори за глобалното јавно здравје, вели Сенеит Фисија за Гласот на Америка

Главнaта советничка на генералниот директор на Светската здравствена организација Сенеит Фисија, изјави дека неодамнешната одлука на САД да го стопираат финансирањето на Организацијата е деструктивна, и оти САД треба да го преиспитаат овој потег.

Таа вели дека суспензијата ќе има огромно влијание врз способноста на СЗО да се бори за заштита на глобалното јавно здравје.

„Ќе ги почувствуваме последиците во рутинските услуги, како имунизација и интервенции од животно значење, што СЗО ги спроведува во соработка со владите на државите, изјави Фисија за Гласот на Америка, додавајќи дека одлуката сe` уште не е конечна.

На 14-ти април, Трамп одлучи да го прекине финансирањето на СЗО за период од 90 дена, поради „сериозни грешки во менаџирањето и прикривање информации за ширење на коронавирусот“.

Владината агенцијата за меѓународен развој, соопшти дека за време на оваа пауза, САД ќе се обидат да изградат релации со други меѓународни здравствени организации.

„Ќе одиме на постоечки програми надвор од Светската здравствена организација, и бараме различни партнери“, соопштија од Агенцијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG