Линкови за пристапност

Одлуката на Трамп да се повлече од СЗО е деструктивна, велат здравствени експерти во САД


Претседателот вчера формално ги извести ОН за излегување од Светската здравствена организација

Белата куќа формално ги извести Обединетите нации дека САД излегуваат од Светската здравствена организација (СЗО), и покрај зголемувањето на бројот на заразени во државата.

Претседателот Доналд Трамп го замрзна финансирањето на СЗО во април, по што најави и дека ќе се повлече, обвинувајќи ја Организацијата дека е пристрасна кон Кина, за начинот на кој таа се справува со пандемијата.

„Ги објаснивме реформите што мора директно да се преземат, но тие одбија да реагираат. Бидејќи не успеаја да ги направат побараните реформи, ние целосно ќе го прекинеме пријателството“, рече Трамп во мај.

Според правилата на СЗО, секоја држава што ќе излезе од Организацијата мора да даде известување една година однaпред.

Ако Трамп ги изгуби изборите во ноември, следниот претседател би можел да одлучи да остане.

Претпоставениот демократски претседателски кандидат Џо Бајден, рече дека ако тој победи на изборите во номеври, ќе ги врати САД во СЗО.

Здравствените експерти во САД велат дека одлуката на Трамп е деструктивна, по децении соработка со СЗО во борбата против многу болести.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG