Линкови за пристапност

СЗО: Нов третман за туберкулоза отпорна на лекови


Светската здравствена организација (СЗО) започнува со употреба на нови поефикасни лекарства кај заболените лица од ова заразна болест

Пред Светскиот ден за борба против туберкулозата кој се одбележува на 24-ти март, СЗО излезе со повик за искоренување на болеста до 2030-та година.

Туберкулозата се шири меѓу луѓето со илјадници години и останува најсмртоносна заразна болест во светот. Од неа дневно умираат околу 4.500 луѓе, а годишно се инфицираат околу 10 милиони лица.

И покрај ваквата статистика, постигнат е голем напредок во дијагностиката, превенцијата и лекувањето на болеста. Од СЗО велат дека од 2000-та година биле спасени околу 54 милиони животи. Но, тие предупредуваат дека постои ризик напредокот да биде изгубен со појавата на туберкулоза отпорна на лекови, МДР-ТБ.

Сегашниот третман на туберкулозата отпорна на лекови вклучува двегодишен третман со инјекции кои предизвикуваат голем број несакани ефекти.

Директорот на програма за туберкулоза на СЗО, Тереза Касаева за Гласот на Америка кажа дека новиот третман на лекови има далеку помалку негативни несакани ефекти и ќе помогне во третманот на виралната форма на болеста.

Владата на Јужна Африка објави дека планира да го усвои новиот третман. Касаева вели дека цената на новиот третман е околу 2.000 долари, што во голема мера е недостапно за пациентите кои живеат во државите со ниски приходи.

Таа вели дека Јужна Африка преговара со фармацевтските компании за да ја намалат цената на 400 долари.

СЗО вели дека Јужна Африка е една од 20-те земји кои се најпогодени од туберкулозата отпорна не лекови. Држави каде ова болест е раширена се и Русија, Кина, Индија, Нигерија, Пакистан и Виетнам.

(Лиса Шлејн)

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG