Линкови за пристапност

Светски ден против тутунот


Според СЗО, кампањата за едноставни пакувања на цигарите заедно со предупредувања по здравјето, има резултати

Видот на пакувања за производите на тутунот предложен од Светската здравствена организација, е дијаметрално спротивен со дизајнот во минатото.

Идејата е кутиите да бидат црни, со предупредувања испишани со големи букви, дека пушењето убива, како и графички прикази на луѓе кои умираат од рак.

Даглас Бечер е директор за превенција на непреносливи болести при СЗО. Вели, поентата на едноставниот дизајн на кутиите за цигари е да се намали побарувачката на овој производ, со тоа што ќе се намали нивната привлечност.

„Мошне јасна порака за она што тутунот всушност е – единствениот легално достапен производ во светот, којшто кога ќе се употреби според намерата, убива половина од корисниците“, изјави овој експерт.

Според СЗО, годишно прерано умираат речиси шест милиони луѓе од болести поврзани со употребата на тутун. До 2033-та година се предвидува дека оваа бројка ќе расте, а преку 80 проценти од случаите би важеле за земјите во развој.

Австралија во 2012-та година беше првата земја којашто го претстави едноставното пакување на производите од тутун, заедно со новите предупредувања по здравјето. Примерот го проследија Франција и Британија, а СЗО соопшти дека и други земји најавиле дека се придружат, а тоа се Ирска, Норвешка, Сингапур, Белгија и Нов Зеланд.

Австралиецот Бен Мекгреди е експерт во СЗО и адвокат. Вели дека меѓу декември 2012-та и септември 2015-та година, регистрирана е бројка од 108.000 помалку пушачи, како резултат на кампањата за пакување и етикетирање.

Светскиот ден против тутунот се одбележува секој 31-ви мај, со цел да се поттикне еднодневна апстиненција од сите форми на негово конзумирање ширум светот.

XS
SM
MD
LG