Линкови за пристапност

СЗО покренува независна истрага зошто некои држави подобро се справуваат со вирусот од други


Генералниот директор Тедрос Гебрејесус, вели дека е клучно пронаоѓањето на вакцина, која мора да биде достапна за сите, а не само за оние што ќе можат да платат за неа

Светската здравствена организација (СЗО) покренува независна истрага за глобалното справување со панедмијата, откако некои држави се покажаа дека подобро се справиле со вирусот за разлика од други.

„Ова е време за преиспитување, да го погледнеме светот во кој живееме и да најдеме начини да ја зацврстиме нашата соработка, и да ја ставиме пандемијата под контрола“, рече генералниот директор на СЗО Тедрос Гебрејесус, додавајќи дека пандемијата, која го погоди речиси секој во светот, заслужува опсежна евалуација.

Според него, глобалниот одговор е клучен во справување со пандемијата, вклучувајќи ја и работата на пронаоѓање вакцина, која мора да биде достапна за сите, а не само за оние што ќе можат да платат.

СЗО, исто така, официјално кажа дека вирусот би можел да се пренесе преку воздушен пат, особено во специфични затворени простории.

Гебрејесус се согласува со некои научници, кои велат дека дури и луѓето без симптоми, можат да го пренесат вирусот по воздушен пат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG