Група од 239 научници од 32 земји, неделава ќе испратат писмо до Светската здравствена организација (СЗО), со кое ќе побараат Организацијата да ги преиспита препораките за заштита од коронавирусот, објави Њујорк тајмс.
Научниците велат дека вирусот сепак се задржува во воздухот во затворени простории, и се пренесува преку дишење.
СЗО, пак, вели дека вирусот се пренесува од лице на лице, преку кашлање, но, оти не се задржува во воздухот долго време поради неговата димензија.
Според извештајот на Њујорк тајмс, новите превентивни мерки би вклучиле носење маска во затворен простор, дури и кога има простор за социјално дистанцирање.
Дополнително, клима уредите би требало да се променат и адаптираат, со цел да се минимизираат последиците од циркулирање на ист воздух.
Извештајот нагласува дека зголемениот број на заразени со КОВИД-19 ја потврдува тезата на повеќе научници, дека вирусот се задржува во воздухот во затворени простории, заразувајќи ги луѓето во близина.
Facebook Forum